За мене

Филмаџија и Директор на фотографија

Јас сум филмаџија, директор на фотографија, фотограф и монтажер со долгогодишно искуство работејќи на медиумски производи и телевизии. Полето на мојата работа опфаќа филм, телевизиски реклами, музички видеозаписи, телевизиска продукција и менаџмент како и директно емитување.

 

Основач сум на Maestro Production во 2004 година и коосновач на Envinion во 2010 година. Основач сум и на музичкиот кабловски канал NEXT Television и сум организатор на неколку фестивали и уметнички пројекти. Мојата работа е распостранета по многу светски држави: САД, Канада, Аустралија, Германија, Македонија, Албанија, Косова итн.

 

Сум учествувал на многу филмски фестивали, како и фестивали на документарни филмови и музички видеозаписи каде и сум награден за мојата работа како режисер, директор на фотографија и монтажер.

line
bullet1Продуцент и режисер

Како продуцент и режисер во минатите две декади имам создадено десетина уметнички филмови, телевизиски реклами, музички видеозаписи, документарни филмови и телевизиски емисии. Имам соработувано со екипи, продукции и телевизии од различни држави, презентирајќи ги делата и на меѓународни фестивали.

bullet2Директор на фотографија

Мојата страст е фотографијата, посебно онаа движечката. Преку долгогодишно партнерство со различни продуценти и режисери, сум бил ангажиран како директор на фотографија давајќи им на производите задоволителни визуелни прикази. Имам познавања од камерите на RED, Blackmagic, Sony, Panasonic и Arri.

bullet3Фотографија и ретуширање

Фотографијата е најзабавниот дел од мојата работа. Имам отворени можности да замислувам и реализирам сѐ што ќе ми се појави како идеја во широк хоризонт без граници. Обработката на фотографиите е работа која што веќе ја имам усовршено после многу години и стотина пројекти. Работам со камерите на Canon и Никон.

bullet4Монтажа и Бои

Мојата најредовна и динамична работа е монтажата. Се прилагодувам многу лесно на клиентите со цел реализирање на финален продукт кој ќе ги задоволува нивните барања. Финалниот продукт опфаќа и корекција на боите, дел што го сфаќам како награда и го работам со многу внимание и прецизност. Работам со програмите Davinci Resolve, Adobe Premiere, After Effects и Final Cut Pro.

Партнерите

Продукции и Агенции

Препораки

Коментари од клиентите и партнерите

Арбен Јашари
Фитнес инструктор

 

“Одлична услуга. Бев многу импресиониран од фотографиите и презадоволен од сликите. Се изненадив многу од квалитетот на фотографиите. Во целина одлично искуство за мене и ти направи да бидам релаксиран и да се чуствувам посебен. Со задоволство би сакал повторно да соработувам со тебе во иднина.”

Леонора Ругова
Драматург

 

“Вие сте од ликовите кои побудуваат убава уметничка и професионална емоција. При соработката со вас запознав и научив нешта и системи кои беа непознати за мене. Со огромно задоволство би продолжила да соработувам со уметник како вас. Би посакувала и се молам да имаме што повеќе уметници пример како вие, со работа како вашата!”

Хајрулах Рамизи
Актер и продуцент во Puzzle Production

 

“Го знам Члирим Ускана од 2011 година како искрена, верна, вредна и совесна личност. Тој е најдобриот директор на фотографија што некогаш сум го запознал и одличен режисер. Секогаш работи до совршенство, љубезен е има чуство за хумор, многу важни особини при тешкиот и напорен процес на работа.”

Адем Рамадани
Менаџер во Trejat

 

“Импресиониран сум од долгогодишната соработка со Члирим. Неговите совети и идеи се многу вредни за мене и неговата подготвеност е секогаш голема. Трудољубива и точна личност, со секогаш позитивни резултати. Благодарност што секогаш те има.”